Skip to main content

Програма

Стадион – дебатна емисија

Стадион, дебатна емисија на сите теми од општественото живеење. Понеделник 13 часот на ТВМ Телевизија.
 |  Голабовски Крсте  | 

Неопходна ни е дебата. Се помалку време поминуваме во разговор едни со други и што е најлошо се помалку ги слушаме другите. Социјалните мрежи се полни со говор на омраза, навреди, гнев. Велат дека молчењето е злато. Но, дали е така?

Молчењето ја убива демократијата. Ако вие не зборувате и уште поважно не ги слушате другите, тогаш вие сте далеку од решение“, вели уредникот и водител на емисијата „Стадион“ Столе Наумов.

Демократија е да научиме да ги прифатиме различните и различностите. Гледајте „Стадион“ затоа што „Стадион“ е единствена емисија што Ве слуша сите вас, премиерно на ТВМ ТелевизијА „Стадион“ понеделник 13 часот.