Skip to main content

Програма

Семејни вредности – руска мелодрама

На програмата на ТВМ ТелевизијА, руска мелодрама, „Семејни вредности“. Приказна за балерината Татјана и проблемите со семејството.
 |  Голабовски Крсте  | 

На програмата на ТВМ ТелевизијА, руска мелодрама, „Семејни вредности“.

Главна хериона во серијата е Татјана која е талентирана и трудољубива примабалерина на московскиот театар. Ќерка е на позната примабалерина Ана, а има брат Игор и сестра Олга. Секоја недела Ана Павловна го собира своето големо семејство за заеднички ручек. Децата и внуците на масата ги споделуваат своите достигнувања и планови за кариера, едни со други. Игор и Олга избрале за себе посуптилни занимања, но секој е успешен во својот бизнис и е среќен во бракот. Татјана, пак, од мали нозе сонувала да танцува на сцената на големиот театар и токму таа желба станала реалност за неа. Таа била единствената во семејството што ги следела стапките на нејзината мајка – па така станала балерина. Искрена и наивна, таа не забележува ништо околу неа, освен омилената работа и хоби – балетот. Љубител е на културно општествени настани, но тој живот на сјај и гламур воопшто не ја промениле, не ја направиле безкруполозна и безчувствителна. Но, светот на уметноста не е исполнет само со подеми, туку и со интриги и падови, лукавство, завист и задкулисни игри.

За завидливото театарско опкружување е тешко да се верува дека сите нејзини брилијантни успеси се резултат на многу големи напори и лични загуби, па злобните јазици започнуваат со сериозни игри против неа. Светот на театарот е суров. Не сите нејзини колеги се љубезни и несебични, некои се подготвени да ги елиминираат конкурентите со какви било средства за да ги постигнат своите цели.

Нејзината најдобра другарка е исто така балерина, но е љубоморна на Татјана и затоа решава да ја тргне од патот. Предизвикува несреќа, во која Татјана ќе ја скрши ногата, и на тој начин таа ќе го завземе нејзиното место на големата балетска сцена. И нејзиниот сакан исто така посакува и прави сѐ да би нејзината кариера заврши трагично. Горката вистина носи тага за нашата балерина. Лоша судбина на лаги и клевети се надвиснува над Ана, а таа истовремено ќе се труди да ја сочува вербата во луѓето, надевајќи се дека постојат такви кои ќе ја поддржат, а нема да ја турнат во бездната на пропаста.

Сè во семејството на Татјана почнува да се распаѓа. За време на прославата на роденденот на Ана Павловна мистериозно исчезнува дијамантскиот ѓердан, а борбата за наследството ќе ги урне сите семејни вредности, кои постоеја дотогаш.