Skip to main content

Наскоро на прогамата на ТВМ

Демони – руска телевизиска серија

Понеделник до четврток во 22:30, на програмата на ТВМ Телевизија, руската телевизиска серија Демони. Доаѓа време страв во градот и низа трагични настани.
 |  Голабовски Крсте  | 
Демони руска телевизиска серија

Понеделник до четврток 22:30, на програмата на ТВМ Телевизија, руската телевизиска серија Демони.

Дејството се одвива во руската империја во 1870-тите. Работите се менуваат драстично во еден мирен мал град кога аристократот Николај Ставрогин и политичкиот опортунист Пјотр Верховенски се враќаат од Санкт Петербург. Ставрогин постојано се наоѓа во центарот на скандали, тепачки и дуели. Тој е згоден млад човек, зависник од секс, кој ги крши срцата на девојките околу него.

Верховенски, пак, е интелектуалец и циничен човек, кој со самото доаѓање воспоставува „тајно општество“ и шири хаос и очај меѓу жителите.Двајцата млади херои ја менуваат судбината на гратчето, по што следуваат низа трагични и неочекувани настани. Доаѓа време страв во градот, а жителите се чувствуваат беспомошни од инвазијата на „демоните“.

Демони, на ТВМ телевизија.