Skip to main content

На програмата на ТВМ

Нагиев во карантин – руска серија

Секој ден од понеделник во петок во терминот во 22:30 часот, ТВМ Започнува со емитување на руска серија „Наргиев во карантин“.
 |  Голабовски Крсте  | 
Нагиев во карантин

Секој ден од понеделник во петок во терминот во 22:30 часот, ТВМ Започнува со емитување на руска серија „Наргиев во карантин“.

Последните 10 години славниот русин Дмитриј Нагиев работи 24/7, но сето тоа се менува откако ќе биде ставен во карантин.

Постојаните промени на студија, локации за снимање, градови, претстави – е ставено во мирување. И тоа не се случува во филм, тоа е реалноста.

Но сега, познатиот руски актер ќе мора да се справи со карантинот. Ќе успее ли да ги испочитува сите протоколи кои ги бара новиот вирус или ќе успее да го надмудри законот?

Наоѓајќи се во непознат амбиент на тишина и негрижа, Нагиев му отвора нови хоризонти на човештвото. Сега, додека се напѓа во изолација тој наводнува цвеќиња, комуницира со куририри, сади компири во случај на развој на пандемијата, подготвува преноси во живо од теретана, комуницира со астролог и работи со своите деца. Ќе успее ли да се навикне на новата реалност или сепак како секоја ѕвезда ќе си го бара своето ѕвездено небо на слобода, богатства и скандали.

Сите љубители на добрата руска серија ќе може да уживаат во двете сезони на „Нагиев во карантин“.

Гледајте на регионалната ТВМ Телевизија секој работен ден во 22:30.