„Благородникот“ вечерва на репертоарот на Народниот театар во Охрид
Народниот театар Охрид, денес, премиерно ќе ја изведе претставата „Благородник” од Молиер, во режија на Дејана Николовска.
| | Сцена & Муабети
Народниот театар Охрид, денес, премиерно ќе ја изведе претставата „Благородник” од Молиер, во режија на Дејана Николовска.
Станува збор за реална и загрижувачка рефлексија за светот со паднати вредности и заканувачката моќ на глупоста да издоминира врз интелигенцијата, умереноста и приземноста како принципи врз кои се темели едно здраво општество.
Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески, Марија Неданова.
Почетокот на претставата е во 20 часот.
Влез е 150 денари.