Skip to main content

Доделени дипломите за БОБ програмата

Во прекрасен природен амбиент, со поглед на Охридското езеро, на пригодна свечаност во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, на децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, им беа доделени дипломи за завршено соодветно ниво од БОБ програмата.

 |   | 

Настанот беше искористен за дружење, забава, спортување и едукација, во што свој допринос дадоа тренерите на БОБ програмата и родителите, а стоматолошката ординација Д-р Сашо Стоев на сите деца им додели едукативни боенки. Признание и подарок доби седумгодишната Ина Величковска која како претставник на БОБ-Црвен крст Охрид центарот, беше прогласена за најуспешна на IV-от Национален БОБ натпревар кој во март оваа година се одржа во Скопје. Црвен крст Охрид подарок додели и на Иван Синадиноски од Прилеп, кој е стоттиот запишан ученик во нашиот центар.

На свеченоста беше истакната и третата генерација на деца кои го завршија десеттото и последно ниво на Бреинобреин програмата во БОБ-Црвен крст Охрид центарот, со што се стекнаа со посебен меѓународно признат сертификат за завршена БОБ програма.

Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид е прв франшизен центар од ваков вид на Балканот, кој од 2010 г. ја спроведува Бреинобреин програмата, под мастер франшизерство на БОБ Еуропе. Во Центарот БОБ-Црвен крст Охрид програмата ја следат 100 деца на возраст од 4-14 години, од целиот регион-Охрид, Струга, Ресен, Битола, Прилеп.

После летниот распуст, наставата продолжува во септември, кога ќе се реализираат и уписи на нови деца.