Skip to main content

Мало поскапување на горивата

Со одлука на регулаторната комисија за енергетика, од синоќа на полноќ, бензинот од 98 октани поскапува за половина денар, цената на дизелот не се менува.

 |   | 
pumpa

pumpaСо одлука на регулаторната комисија за енергетика, од синоќа на полноќ, бензинот од 98 октани поскапува за половина денар, цената на дизелот не се менува.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се променуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени согласно Одлуката од 22.04.2013 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 22.04.2013 година и со оваа Одлука изнесува 80,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,558 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 22.04.2013 година. Така цената на М-1 НС изнесува 40,801 ден/кг.