Skip to main content

Објавен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2024 год

Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема заклучно до 26. ноември 2024 година.
 |  инфодеск  | 
Центар за култура

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид го распиша конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2024 година.

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 26. ноември 2024 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.

За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од Р.С.Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУЦК “Григор Прличев”- Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.

За дополнителни информации: Тел. 046/ 261 – 063, Е-адреса: centarzakultura_ohrid@yahoo.com