2023 година е прогласена за година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок, 17 ноември, од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
„Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“ е мотото на настанот кој ќе се одржи во Прличевата одаја, а гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова.
Модератор на настанот ќе биде Милчо Јованоски.