Охриѓани уживаа во годишниот концерт на ансамблот „Билјана“
![Годишен концерт Билјана](/wp-content/themes/yootheme/cache/88/376372843_326641439768260_6008572054371694208_n-e1694162306397-88d1c98d.jpeg?x28309)
Под слоганот „Една песна една приказна“, вчеравeчер во предворјето на црквата „Света Софија“ се одржа единаесетиот годишен концерт на ансамблот „Билјана“, по повод 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.
Во рамки на концертната програма беа претставени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор на настанот беше биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт беа Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“, професор по виолина.
![](https://tvm.mk/wp-content/uploads/2023/09/373058983_636075145174081_8276625588758310403_n-1024x577.jpg?x28309)
Ансамблот „Билјана“, како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување, а воедно и унапредување на музичката традиција. Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и традиционално се одржува до денес како обид за зачувување на духот на охридската староградска песна.
Концертот е поддржан од Општина Охрид преку Програмата за култура за 2023 година.