Повеќе туристи, помалку ноќевања во споредба со лани
Позитивен е тренд е порастот и на домашните и странските туристи во споредба со минатата година. Годинава, Македонија е омилена дестинација на турските туристи.
Државниот завод за статистика информира дека во јуни годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 50.315 странски туристи кои оствариле 110.988 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.
Странските туристи најмногу ги посетувале езерските места и Скопје. Бројот на туристи кои ги посетиле езерските места изнесува 20.098 a Скопје го посетиле 18.797 странски туристи. Најбројни меѓу странските туристи во јуни се Турците, следат Србијте , Грцијте, Бугарите, Полјаците, па Германците.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2016 година изнесува 71 813, а бројот на ноќевањата изнесува 171 861. Бројот на туристите во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 0.6%, а бројот на ноќевањата е намален за 1.7%.
Бројот на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 1.7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 0.2%.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.2%, а кај странските има зголемување за 7.9%.