Skip to main content

Почина таткото на „Пецко“

По тешко и долго боледување, почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер, автор на популарниот стрип Пецко.

 |   | 

По тешко и долго боледување, почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер, автор на популарниот стрип Пецко.

По тешко и долго боледување, почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер.

Роден е во Скопје во 1940 година. Богато и уникатно творештво остави Марковиќ и како сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972 година специјализира анимиран филм во Загреб, под менторство на оскаровецот Душан Вукотиќ.

Професионалната кариера како карикатурист ја започнал 1960 година, работејќи за повеќе весници и списанија во Македонија и во поранешна Југославија. Од 1966 до 1975 година работи како главен уредник на хумористично-сатиричното списание „Остен“ и како директор на Светската галерија на карикатури во Скопје.

Со филм активно се занимава од 1975, кога се вработува во „Вардар филм“, отворајќи го студиото за анимиран филм. Од 1978 работи како слободен уметник, а во 1983 е назначен за професор на Факултетот за уметност во Скопје по предметот Анимиран филм. Во истиот период работи како главен уредник на културно-уметничката програма во Телевизија Скопје. Од 1988 до 1995 живее и работи во Лондон. Во 1995 се враќа во Македонија.

За своите карикатури и анимирани филмови, има добиено преку триесет награди и признанија.

Негови познати анимации се „Граница“ (1976), „Стоп“ (1976), „Три минути на светот на Мирослав Бартак“ (1976), „Бело топче“ (1977), „Циркус“ (1979) и други.

Автор е на стриповите со популарниот јунак Пецко.