Skip to main content

Приказна за една идеја

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија,  Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која 18 години се спроведува во Македонија,  младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата

 |   | 

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која 18 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.

Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит на своите заедници. Оваа година, од страна на младинците учесници во ПХВ циклусот 2016, изработени се 184 мали проекти преку кои им е директно помогнато на околу 4000 лица.

Имајќи ја предвид Стратегијата 2020 на Црвениот крст на Р. Македонија, во која третата стратешка цел е унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир, од пред 4 години е воведена нова недела во традиционалниот календар на активности, недела на Промоција на хумани вредности, од 21-27 септември.

Оваа година во рамките на одбележувањето на ПХВ неделата ќе се организираат театарски претстави со наслов “Приказна за една идеја”. Преку претставата заедницата ќе се запознае со ликот и делото на Анри Динан, човекот кој ја формирал организацијата на Црвениот крст. Преку 30 претстави ќе се случуваат во земјата и голем број на родители, соученици, професори, ќе имаат можност да ја проследат и да ја видат креативноста на нашите младинци. На овој начин младите кои ги спроведувале проектите ќе им се заблагодарат на сите оние кои се вклучија и ја дадоа својата поддршка за реализација на малите проекти. Настанот во нашиот град ќе се случува на 06.10.2016 (четврток) во 20 ч. во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. Влезот е слободен.

Преку тетарот младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот.