Skip to main content

Формата на лицето ја диктира фризурата

Кога бирате фризура имајте на ум дека нема да погрешите ако се одлучите за варијанта која е во склад со вашето лице. Еве што препорачуваат стручњаците.

 |  Маја Савиќ  | 
фриз
фриз


Кога бирате фризура имајте на ум дека нема да погрешите ако се одлучите за варијанта која е во склад со вашето лице. Еве што препорачуваат стручњаците.

ovalОВАЛНО ЛИЦЕ

На жените со ваква форма на лицето им стојат сите фризури па можат да ги следат модните трендови без ограничувања. Им прилега и долга и кратка коса. Пример за овално лице: Џесика Алба.



албаrestrangular

ИЗДОЛЖЕНО ЛИЦЕ
Ако имате тесно и долго лице не ја пеглајте косата и ни случајно не правете патец на средина бидејќи лицето ќе ви делува уште поиспиено и подолго. Вам ви прилега степенасто ишишана коса а најдобра е средна должина. Патецот на страна. Пример за издолжено лице е Џени Мекарти.

dzeniheart

СРЦЕСТО ЛИЦЕ
За триаголно или срцесто лице најдобар избор е степенаста фризура со шишки. Убаво стои и долга коса со локни. Не ја врзувајте косата во коњско опавче и не ја собирајте во висока пунџа. Пример за срцесто лице е Рис Витерспун.

reesewide

ШИРОКО ЛИЦЕ
Најдобра фризура за вакво лице е долга права  или благо извиткана коса со патец на средина бидејќи визуелно го издолжува лицето. Не се препорачува боб фризура.
Пример за широко лице е Кетрин Зета Џонс.

ketrin


{loadposition content9}