Skip to main content

Американската амбасада не се меша во работата на ДИК

Американскиот амбасадор не се сретнал или интервенирал кај никого од ДИК, ниту пак ја посетил Комисијата, информира Американската амбасада во Скопје.

 |   | 

Американскиот амбасадор не се сретнал или интервенирал кај никого од ДИК, ниту пак ја посетил Комисијата, информира Американската амбасада во Скопје.

Во нивното соопштение се наведува дека со загриженост ги следат неточните информации дека американскиот амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија.

„Ова не е време за лажни вести или заговори“, се наведува во соопштението од амбасадата.

Американската амбасада наведува дека САД ги поддржуваат правата на граѓаните на Македонија за демократски процеси кои се отворени, транспарентни и одговорни. Ова вклучува право на жалби и приговори, согласно македонските закони, наведува амбасадата.