Skip to main content

Вечерва охридска книжевна вечер со Славе Ѓорѓо Димоски во кафе и бар „Шила“

Настанот, кој започнува во 18:30 часот, е организиран од Српскиот културно-информативен центар „Спона“, со поддршка од Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид и почесниот конзул Михајло Филев.
 |  инфодеск  | 

Денеска во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи книжевна вечер посветена на поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски, еден од најзначајните современи македонски поети.

Настанот, кој започнува во 18:30 часот, е организиран од Српскиот културно-информативен центар „Спона“, со поддршка од Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид и почесниот конзул Михајло Филев, кој ќе им се обрати на присутните.

Оваа книжевна вечер е дел од циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, којшто Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го почна во февруари оваа година, а во фокусот се дела од современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на српски јазик. Со оваа книжевна вечер, настаните во рамките на овој циклус книжевни средби и работилници за првпат се одржуваат надвор од Скопје.

На настанот, со свои видувања ќе се вклучат и истакнатиот српски книжевник и издавач, Гојко Божовиќ, кој важи за голем афирматор на современата македнска книжевност во Србија, како и книжевникот и програмски директор на „СПОНА“, Милутин Станчиќ.