ВИС „Билјана“
Вечерва ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“
Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за набавка на медицинска опрема за педијатриското одделение во Општа Болница Охрид.
Денес во 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски.
-Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за набавка на медицинска опрема за педијатриското одделение во Општа Болница Охрид, велат од ВИС „Билјана“.
Организаторите порачуваат посетителите да си понесат перниче, пешкир или столче за седење бидејќи концертот ќе се одржи на плажа.