„Виолин фест“ утре во Охрид
Во големата сала на Општина Охрид, утре 14-ти јуни ќе се одржи четвртото издание на „Виолин фест“, откако два дена претходно, на 12-ти јуни се одржа во Музејот на град Скопје.
Во големата сала на Општина Охрид, утре 14-ти јуни ќе се одржи четвртото издание на „Виолин фест“, откако два дена претходно, на 12-ти јуни се одржа во Музејот на град Скопје.
На фестивалот ќе учествуваат ученици од музичките училишта од Охрид, Скопје, Битола, Штип, Кочани, Прилеп, како и студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје. Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија, Владимир Костов, во соработка со Музичката младина на Македонија.
– Идејата да се одржи еден ваков фестивал, кој треба да прерасне во традиционален, вели Костов, е желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст, велат организаторите.
Костов ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и секако талентот, претставувајќи го при тоа и развојот на педагошката дејност во Република Македонија. „Виолин фест“ наедно нуди и отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик.