Денес ќе се одржи традиционалната „Охридска визита“ на вокално инструменталниот состав „Вис Билјана“
Вечерва традиционалната „Охридска визита“ на вокално инструменталниот состав „Вис Билјана“

Денес со почеток во 20 часот, во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав „Билјана“.
–Оваа година, по петнаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа година градскиот мешан хор Vox Lichnidos и маестро Тони Арслан. Со големо задоволство ве покануваме на овој наш јубилеен концерт заедно да уживаме во звуците на староградските песни, порачуваат организаторите.
Билетите за овој настан се во ограничен број и се продаваат по цена од 300 денари. Можете да ги резервирате на телефонскиот број 076/212-680 и ќе можете да ги подигнете на самиот влез, еден час пред почетокот на концертот.





