Skip to main content

Документарниот филм „К15: Од другата страна“ вечерва на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев”

Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од оваа ера.
 |  инфодеск  | 

Документарниот филм „К15: Од другата страна“ вечерва ќе биде на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20.00 часот.

Цена на карта е 200 денари.

„К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во Македонија. За неговата автентичност говори и тоа што Ико е син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио – Бубо Каров и од мали нозе бил дел од целиот проект. Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од оваа ера.