Експлозија во Анталија, има жртви
Силна експлозија од се уште неодредено потекло одекна во вторникот рано претпладнето во Анталија, летувалиште на југот од Турција, при што се повредени најмалку десет лица, пренесуваат медиумите.
Силна експлозија од се уште неодредено потекло одекна во вторникот рано претпладнето во Анталија, летувалиште на југот од Турција, при што се повредени најмалку десет лица, пренесуваат медиумите.
Началникот градот Анталија, Мендерес Турел, за телевизијата NTV изјави дека „десет до дванаесет граѓани се полесно повредени од парчиња стакло“, и оцени дека е „прерано да се зборува за евентуален терористички чин“, по експлозијата која се случила на паркиралиштето на Стопанската комора на градот.
Според новинската агенција Dogan, едно возило е целосно уништено, а уште четири се оштетени,
Анталија е едно од најважните турски летувалишта на средоземноморскиот брег и е омилена дестинација на туристите од Западот. САД претходно двапати годинава ги предупредуваа своите државјани во Турција за можени напади врз туристичките центри во оваа земја и против западни цели.