Иванов ја повлече аболицијата, СЈО продолжува со работа
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, ја поздрави одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов за, како што вели, конечно повлекување на сите помилувања, пренесува „Телма“.
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, ја поздрави одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов за, како што вели, конечно повлекување на сите помилувања, пренесува „Телма“.
“Оваа одлука повторно ќе овозможи спроведување на правдата и специјалниот обвинител да продолжи со својата значајна работа.”- оценува Хан.
Еврокомесарот оценува дека лидерите на земјата во текот на минатата година изгубиле премногу време и затоа сега најважно е сите да се посветат на имплементација на договорот од Пржино, на инклузивен начин.
“Конкретно, мора да биде преземени брзи и кредибилни чекори во поглед на итните реформски приоритети, за да се врати земјата назад на патот на владеењето на правото и евро-атлантската интеграција”– подвлекува Хан во изјава објавена по одлуката на претседателот Иванов за целосно повлекување на помилувањата.
Одлуката на Иванов, како добредојдена, преку твитер, ја поздрави и британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, оценувајќи дека таа го намалува предизвикот за нееднаквост пред законот.