Катастрофален земјотрес во Индонезија
Во земјотресот што во текот на изминатата ноќ ја погоди индонезиската област Ачех загинале пеесетина луѓе, а биле урнати десетици згради, јавуваат локалните власти. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотреот бил со сила од 6,5 степени.

Војската и локалното население ги претражуваат урнатините, а властите побараа итно да им бидат донесени машини за копање и опрема за згрижување лица. Индонезија е подложна на силна сеизмичка активност и на вулкански ерупции.
Над 100 илјади луѓе загинаа во Ачех на 26 декември 2004 година откако земјотрес покрена разорно цунами.