Skip to main content

Колку порано толку подобро

Раното изучување на странски јазик во периодот после третата година, на децата им нуди дополнителна можност сестрано да се развиваат и им овозможува позитивен став кон странските јазици, односно во иднина во целост да се посветат на изучувањето на странски јазик,а  воедно има и позитивно влијание на учењето во глобала како и развивање на љубов кон книгата.

 |   | 

Со почетокот на учебната година, се поголем е интересот кај децата за изучување на странските јазици. Се поставува прашањето која е идеалната возраст за почеток на изучување на странски јазик? Експертите велат дека кога децата се на најрана возраст полесно го восприемаат новиот јазик со кој се запознаваат. Тие учат преку игра, без да го доживуваат курсот како потешкотија, а се тоа поради неопходноста да се учи напамет со која се соочуваат децата кои започнуваат со посетување јазичен курс во подоцнежното детство, вели Емилија Георгиевски професорка од училиштето за Англиски јазик „Yes“.

Се оди на тоа децата да започнат со изучување на Англискиот јазик од тригодишна возраст, бидејќи на таа возраст децата го апсорбираат својот мајчин јазик да ги кажуваат првите реченици па на тоа ниво да почнат да го апсорбираат и Англискиот јазик“.Билингвалните деца полесно се снаоѓаат со задачите и со проблемите во животот според сите научни истражувања кои се направени“, вели Георгиевски.

Георгиевски објаснува дека просторот е исто така многу важен момент кога станува збор за иницирање на интерес кај децата, а децата емотивно се врзуваат за нивниот наставник/наставничка, што резултира со желба да ги импресионираат со знаење и проактивност. Со помош на бројните песнички, приказни и образовни игри кои им причинуваат задоволство децата покрај тоа што многу лесно го совладуваат јазикот, ја развиваат моториката, креативноста, љубопитноста, фантазијата и иницијативата.

За првпат се наоѓаат во средина каде се социјализираат и искусуваат работа во група, со што се негува вредноста на споделувањето но и се работи на нивната самодоверба. Уште еден ваков пример во нашиов град е едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години, проект востановен од О.О: на Црвениот Крст од Охрид. Јованка Сион Доленц од Црвен Крст од Охрид, објаснува дека во овие 8 години колку трае оваа програма децата покажале дека се љубопитни и полни со ентузијазам и дека брзо учат во средина во која им е удобно и ја доживуваат како катче на кое сакаат постојано да му се навраќаат. Им се допаѓа рециклирањето на предвидениот фонд на зборови, особено преку образовните игри и згодите и незгодите на јунаците од нивната книга.

„Ние работиме на малку поинаков начин, не сме некое училиште за Англиски јазик, но јазикот провејува нисз сите овие активности. Големо внимание посветуваме на самата атмосфера таа да биде природна, релаксирана, каква што децата имаат дома во нивните семејства и каква што можат најлесно да научат“ објаснува Сион-Доленц.

Запишувањето во есенскиот циклус на едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца е во тек секој ден во просториите на Црвениот крст од 08-16часот.