„Магбет“ на Вилијам Шекспир, пред охридската публика
Албанскиот театар од Скопје во рамките на 56-то издание на фестивалот Охридско лето, пред фестивалската публика ќе се претстави со најновиот Шекспир работен помеѓу двете охридски лета, претставата „Магбет“ во режија на Диана Добрева.
Албанскиот театар од Скопје, пред фестивалската публика на Охридско лето се претставува со Шекспировиот „Магбет“. Станува збор за драмска адаптација на еден од најмоќните текстови на големиот бард. Претставата е во режија на Диана Добрева која доаѓа од Бугарија и за прв пат нејзина претстава е поставена на фестивалот „Охридско лето“. Добрева вели дека она што ја фасцинирало во ова шекспирово дело е жеддта за власт кај човекот, од една страна наспроти тоа колку човекот а смртен и кратко останува да остави печат со своето живеење. Карактеристично за нејзиното видување на „Магбет“ е визуелниот момент односно во минималистички уредениот сценски простор, кој почива врз симболиката на светлата и играта со микрофоните и кофчезите, како клучни реквизити, преку кои се доловуваат болните но и апсурдни стремежи на човекот, оваа претстава е визуелен раскош кој ја допира филмската магија.
„Таа идеа за визуелниот момент кој ќе го видите во претставата, е претставена преку сите ликови од пиесата како си ги туркаат сопствените мртовечки сандаци, низ целиот свој живот и всушност ја пренесува идејата колку луѓето сме смртни, а цел живот го живееме како да не сме смртни, што за мене е многу чудно“ вели Добрева.
Друг интересен и впечатлив момент од работењето на Добрева е нејзиното портретирање на исклучително силни женски ликови во своите претстави. А, во „Магбет“ секако постои еден од највпечатливите женски ликови во светската драматургија, а тоа ликот на Лејди Магбет, претставен преку театарската игра на доајенот на албанскиот театар, актерката Теута Ајдини Јегени.
„Лејди Магбет е најпосакуваната улога на секоја актерка, сон но за да се реализира тоа навистина треба да поседуваш неколку компоненти како актер. Големо искуство, исклучителна ангажираност и посветеност кон рољата и што е најважно еден добар режисер зад тебе“ објаснува Јегени.
Улогата на Магбет, му е доверена на актерот Музбајдин Ќамили Мучи, кој истакна дека самото создавање на претставата бил еден навистина комплициран и макотрпен процес.
„Начинот беше многу тежок, целата екипа беше со голема позитивна енергија, благодаранеи на машината режисерката Диана Добрева, која направи се јас да ја креирам таа улога“, поминавме низ многу тешки моменти“ објаснува Мучи.
Претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Диана Добрева, во изведба НУ Албански театар – Скопје, Р.Македонија,која е на програмата на Охридско лето утре од 21 часот поради најавите за временски неприлики и можни врнежи од дожд наместо на Долни Сарај ќе се игра на сцената во Центарот за култура.