Македонските параолимпијци-стрелци на завршни подготовки во Охрид
На стрелиштето во Бејбунар, Оливера Наковска-Бикова носителка на златен медал од Олимпијадата во Лондон во 2012 и Ванчо Каранфилов носител на сребрен медал од олимпијадата во Атина во 2004, заедно со нивниот тренер Бранимир Јовановски и шефот на мисијата Драган Дојчиноскиги ги прават последните подготвки пред нивниот настап во Рио во септември.
Македонските параолимпијци-стрелци на завршни подготовки во Охрид, пред нивниот настап на параолимписките игри во Рио во месец Септември. Малиот тим составен од искусни спортисти очекува добри резултати од нивниот настап на параолимпијадата во Рио, влез во финалето и борба за медал. Бранимир Јовановски тренерот на Македонскиот Параолимписки тим инаку и самиот освојувач на олимписки медал, тим задоволен од текот на подготовките и позитивната енергија која владее помеѓу стрелачите.
„Задоволни сме многу од поддршката која ни ја дава СК „Охрид“ и ОСС „Охрид“ заедно со тренерот Валентина Гоџоска, со која имаме многу добра соработка, на полето на развојот на стрелачкиот спорт во РМ. Овде имаме добри услови, пред се можеме да ги тренираме сите три дисциплини, на 50м, на 25 м и воздушно на 10 м, но за жал како и сите спортски федерации во МК и нашата се соочува со одредени проблеми од областа на финансии и набавка на опрема и муниција специфични потребна за спортското стрелаштво“ објаснува Јовановски.
Јовановски додава дека за среќа сеуште има компании кои им излегуваат во пресрет кои сакаат да помогнат и изрази огоромна благодарност до сите оние кои исто така помогнаа нивното учество на параолимпијадата во Рио, да стане реалност. Оливера Наковска-Бикова носителка на златен медал од Олимпијадата во Лондон во 2012 и Ванчо Каранфилов носител на сребрен медал од олимпијадата во Атина во 2004, велат дека подготовките течат во најдобар ред.
„Очекувам влез барем над 15-то место и влез во финалето, а во финалето ништо не се знае кој како може и што да направи. Очекувам дека ќе го постигнам резултатот којшто сгеа го спремам, па здрацје Боже ќе видиме. А Охрид како град ни даде убава можност за тренирање, еве убаво време секако и стрелиштето Бејбунар“ оптимист е Каранфилов.
Нашите спортисти на пат за Рио заминуваат на 30.08.2016, а игрите ќе бидат отворени на 07.09.2016 година на популарната „Маракана“ со пригодна манифестација и дефиле на 168 земји учеснички на игрите и преку 4.200 спортисти.