Skip to main content

На 5-ти септември ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ВИС „Билјана“

Билетите за овој настан се во ограничен број, по цена од 300 денари и можете однапред да ги резервирате.
 |  инфодеск  | 

На 05.09.2025 година (петок) ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана во предворјето на црквата Богородица Перивлепта во Охрид со почеток во 20:00 часот. Ова година по тринаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Гости на ВИС Билјана оваа година се Емилија Колоска и Стефан Петрески.

Билетите за овој настан се во ограничен број, по цена од 300 денари и можете да ги резервирате на телефонскиот број 076/212-680 и ќе можете да ги подигнете на самиот влез еден час пред почетокот на концертот.