Skip to main content

На 58-годишна возраст почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

Глумеше во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“ и во претставите „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и други.
 |  инфодеск  | 

Актерот Кирил Поп Христов – Кили почина вчера во Еквадор на 58-годишна возраст, потврдија за sdk.mk блиски пријатели на семејството.

Актерот  се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната година и пол ја поминал во Еквадор. Веста за смртта на актерот, на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп-Христова.

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година беше член на ансамблот на Македонски народен театар, каде што остварил бројни театарски улоги.

Глумеше во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“ и во претставите „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и други.

Кили ќе остане запаметен како еден од значајните македонски актери на својата генерација, со бројни улоги кои го одбележаа театарското и филмското наследство во земјата.