Skip to main content

Од денес возиме со поефтин бензин

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалија во просек за 1,58%.

 |   | 

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалија во просек за 1,58%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на претходната цена и изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,302 денари за килограм и од ноќеска на полноќ ќе изнесува 28,525 ден/кг.