Skip to main content

ОУТУ „Ванчо Питошески“, домаќин на државниот натпревар „ЛИДЕР“

Станува збор за натпревари на локално и државно ниво помеѓу ученици од сродни образовни профили во завршните години во средните стручни училишта, со што по трет пат во една средношколска генерација, се избираат ученици – лидери на струки.

 |   | 

Охрид денес домаќин во презентација на знаењата во угостителството и туризмот. Се одржа третиот по ред државен натпревар „Лидер“, кој е во органиација на Центарот за стручно образование и обука, а пот патронат на Министерството за образование и наука на РМ. на натпреварот учествуваа и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, кои воедно и беа домаќини на овој интересен настан.

„Нескромно можеби да го пофалам дека навистина организацијата е одлична и засега натпреварот тече извонредно“ вели Чедо Димовски советник – Центар за стручно образование и обука.

Денес ученици од осум стручни угостителски училишта денес имаа можност да покажат што научиле во дисциплини од образовните профили, како келнер, угостителски техничар, готвач, слаткар и хотелско туристички техничар, ученици кои несомнено ќе ја претставуваат нашата иднина во оваа стопанска гранка.

„Всушност се работи за деца кои се лидери од училиштето од каде доаѓаат или за најдобрите ученици.Јас мислам дека иднината на овој град пред се мора да лежи во туризмот. Мора да изнајдеме начин да ја развиеме љубовта на идните генерации кон овие занимања кои ги нудиме во нашето училиште“ посочи Лазо Дуноски – професор ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Инаку натпреварот се состои во теоретска провертка на знаења и практично прикажување и употреба на стекнатите знаења и вештини. Знаењата инаку ги проверува и вреднува комисија составена од претставници на Центарот за стручно образование и обука, од средното училиште, ФТУ од Охрид и лица од бизнис заедницата. Победниците Лидери на струка заедно со нивните наставници ментори, освен признанија како потврда на постигнатиот успех, ќе добијат и паричен надоместок согласно Законот за средното образование.