Skip to main content

НУ Библиотека “Григор Прличев” Охрид

Охридската библиотека во чест на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

НУ Библиотека “Григор Прличев” Охрид се приклучува кон одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Шопов.
 |  инфодеск  | 

2023 година е прогласена за година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок, 17 ноември, од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

„Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“ е мотото на настанот кој ќе се одржи во Прличевата одаја, а гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова.

Модератор на настанот ќе биде Милчо Јованоски.