Песна во чест на пријателството: „Жена убава“ на Броз, Марама и Емилија Маринова посветена на нивниот пријател Кристијан Љушев
Со силни емоции и длабока почит, охридското музичко дуо Броз и Марама, заедно со Емилија Маринова, ја објавија новата песна „Жена убава“, која е посветена на нивниот пријател и соработник, прерано починатиот Кристијан Љушев.
Видео спотот е реализиран од прерано починатиот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, на кого му е посветена и самата објава.
-Кристијан, другар, нашиот последен проект го споделуваме во чест на тебе. Ти благодариме за сè што направи за нас. Нема збогум, нема чао — секогаш беше, си и ќе бидеш дел од нас, напишаа Броз, Марама и Емилија во својата објава.
Текстот на песната е дело на Владимир Сарафилоски, музиката ја компонираше Ѓорѓија Пирузе, додека аранжманот го изработи Јовица Карали од К2 продукција.
Видео продукцијата е на Кристијан Љушев, кој трагично го загуби животот на 12 јануари, во несреќа што се случи во зграда во изградба во Охрид. Со „Жена убава“, неговите пријатели и соработници му оддаваат почит, претворајќи ја болката во уметност што ќе живее.