Skip to main content

Почина легендарната Деби Рејнолдс, само еден ден по смртта на својата ќерка

Легендарната актерка Деби Рејнолдс, која ќе остане запаметена по своите улоги во класиците, меѓу кој и „Танцувајќи на дождот“ сабајлево почина на 84-годишна возраст, само еден ден по смртта на нејзината ќерка, Кери Фишер.

 |   | 

Легендарната актерка Деби Рејнолдс, која ќе остане запаметена по своите улоги во класиците, меѓу кој и „Танцувајќи на дождот“ сабајлево почина на 84-годишна возраст, само еден ден по смртта на нејзината ќерка, Кери Фишер.

Рејнолдс била однесена во болницата во Лос Анџелес откако почнала да се жали поради проблеми со дишењето, по што најверојатно доживеала удар и итно е префрлена во болница. Деби била со својот син Тод Фишер, во неговата куќа во Беверли Хилс, кога некој од домашните во еден час по полноќ, повикал брза помош.

Нејзината смрт ќе остави празнина на уште една огромна Холивудска легенда, која беше огромна ѕвезда во 1950-тите и 60-тите години од минатиот век.

Мери Френсис „Деби“ Рејнолдс се прослави по улогите во филмските комедии и беше во брак со пејачот Еди Фишер од кој ја имаа ќерката Кери Фишер од „Ѕвездените војни“.

Покрај снимениот поп-албум, многубројните номинации и награди, минатата 2015 година на доделувањето на „Оскарите“, се закити и со почесната награда на Американската академија за филмски уметности и науки.

Нејзиниот живот беше обележан и со многу скандали во жолтиот печат, откако првиот сопруг Еди Фишер и татко на Кери Фишер ја остави за нејзината добра пријателка Елизабет Тејлор.