Skip to main content

Просечната нето плата во Македонија е…

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.8.

 |   | 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Уметност, забава и рекреација (8.0%) и Градежништво (7.3%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016, изнесува 22 380 денари. Во ноември 2016 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.