Се „готви“ ли техничка влада?
Партиската четворка да се врати на преговарачка маса и со консензус да се дојде до законски решенија кои ќе го отворат патот за излез од кризата. ДУИ потсетува дека е тоа обврска од Договорот од Пржино, пренесува „Телма“.
Партиската четворка да се врати на преговарачка маса и со консензус да се дојде до законски решенија кои ќе го отворат патот за излез од кризата. ДУИ потсетува дека е тоа обврска од Договорот од Пржино, пренесува „Телма“.
Интегративците сметаат дека опозијата треба да покаже иницијативност во тој поглед, бидејќи беше позитивно одговорено на нејзините барања за одложување на изборите и за враќање на дијалогот со обнововување на работата на парламентот.
-Извештајот на Прибе, со реформската агенда, е добра основа да стигнеме до фазата да имаме кредибилни избори. Оваа влада е фокусирана на таа агенда, добро би било да е во согласност со опозиција. Доколку не се утврди датум за избори, тогаш како датум останува 2018 година, ни изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Дали тоа подразбира и враќање на Груевски на премиерската позиција, Османи одговара дека во моментов работи актуелниот состав на Владата чиј приоритет е нормализирање на состојбите и стабилност на државата. Дали сепак е можно во наредните недели да се договори формирање на техничка или експертска влада Османи вели:
„Претходната влада имаше маани, особено во ресорот МВР. Законот е јасен, влада со учество на опозиција се формира на 100 дена пред избори“.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека детален став може да дадат кога ќе има и покана за лидерска средба, но генерално, партијата се залага за спроведување на реформите од Договорот и за утврдување на наје3фикасниот начин за нивна реализација. Во моментот функционира политичка Влада, а учество на опозицијата е можно кога ќе треба да биде формирана влада за спроведување на избори, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ со став дека обновување на дијалогот не е можно додека владејачките партии не се согласат аболицијата да биде повлечена.
– Додека целосно не се поништи нарачаната аболиција за криминалците од врвот на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, не може да стане збор за политички дијалог, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Законите мора да важат подеднакво за сите граѓани, нагласи Шилегов.