Се спуштија завесите на третото издание на фестивалот „Вдиши театар“
Настапот на театарската група од Црвен крст Суботица, со оригиналната изведба на претставата „Тие постојат (во сон и на јаве)“, во предворјето на црквата Св.Софија беа спуштени завесите на третото издание на Меѓународниот младински фестивал кој во организација на Црвен крст Охрид од 1-4 јуни 2016 г. се одржа во Охрид.

Талентираните суботичани ги разнежија срцата на охридската публика прикажувајќи реални случки од животот на бездомници во едно прифатилиште, од перспективата на еден волонтер на Црвен крст.
И оваа година младински театарски фестивал ВДИШИ ТЕАТАР ги исполна очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според интересот, посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката, ВДИШИ ТЕАТАР го најде и оправда своето место во охридскиот културен простор.
Кога на тоа ќе се додаде и можноста која младите целосно ја иаскористија да креираат театарската игра и да ја афирмираат својата талентираност и сплотеност без јазични, ниту било какви други бариери, силните хумани пораки кои ги упатија преку театарските претстави, контактите и врските воспоставени со меѓусебното дружењето во овие четири дена, со право ВДИШИ ТЕАТАР претставува препознатлив производ и во земјата и и во странство, со кој Црвен крст Охрид се гордее.
Изразуваме искрена благодарност до учесниците на фестивалот, до публиката, до волонтерите и вработените во Црвен крст Охрид, до медиумите, до сите институции, фирми и поединци кои го овозможија, поддржаа и помогнаа одржувањето на фестивалот ВДИШИ ТЕАТАР 2016.