Српски медиуми тврдат дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград
Српски медиуми тврдат дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, наводно барани 20.000 евра
Дел од српските медиуми објавија дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски наводно бил киднапиран во Белград, во близина на Бетон хала, каде бил присилно внесен во автомобил и од него била барана откупнина од 20.000 евра.
Според истите наводи, инцидентот завршил кај Рума по судир со заштитна ограда, по што осомничените побегнале.
Засега нема официјална потврда од српските институции, ниту изјава од Кајмакоски, а информациите се темелат исклучиво на медиумски извори. Се очекуваат детали од српското МВР или од самиот Кајмакоски за целиот случај.