Уличниот фестивал „Баскерфест“ по трет пат ќе се одржи во Охрид
Почнувајќи од 1ви па се до 3ти јули, Охрид ќе пулсира во духот на уличната уметност.
| | Сцена & Муабети
Почнувајќи од 1ви па се до 3ти јули, Охрид ќе пулсира во духот на уличната уметност. Артистите на „Баскерфест“ на три локации во Охридската чаршија на охриѓани и туристите ќе им ја доловат магијата на уличните танци, пантомима перформанси, уличен театар, ликовни изложби, жонглери, акробати, танчери, музички настапи и друго.
Овој фестивал во Македонија се одржува 11 година по ред, а Охрид е трета година дел од овај мултикултурен уличен фестивал.