Фестивал на новиот германски филм
Сите љубители на современата филмска уметност ќе имаат можност да уживаат во ревијата современи германски филмови и во Охрид.
Сите љуубители на современата филмска уметност ќе имаат можност да уживаат во ревијата современи германски филмови и во Охрид. Во организација на амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит Банка и Центарот за култура „Григор Прличев”, на 15-ти октомври, во 20 часот во охридскиот Центар за култура ќе биде отворен 12-от Фестивал на новиот германски филм.
Фестивалот ќе биде отворен со трагикомедијата „Мед во главата” од Тил Швајгер. Охридската публика ќе има можност да ги проследи и филмовите: „За една девојка“ (комедија драма), „Државата против Фриц Бауер“(историја-драма), детскиот филм „Куќата на крокодилите“, „Хердер-помеѓу два света“, „Тура на животот“ (трагикомедија).