Фолклорниот ансамбл „Отекс“, со прва награда од Хрватска
Уште едно признание за македонскиот фолклор. Фолклорниот ансамбл „Отекс“ од нашиов град, се врати со освоена прва награда од дводневниот меѓународен фолклорен фестивал „Лерон“, кој неодамна се одржа во Водњан Хрватска.
Фолклорниот ансамбл „Отекс“, остануваат вистиниските фолклорни амбасадори. Нивниот настап и презентацијата на кореографијата на „Биљана платно белеше“, им ја донесе, Шампионската титула „Лоран“ на истоимениот фолклорен фестивал, кој неодамна се одржа во Водњан Хрватска. Во конкуренција од десет ансамбли од Македонија, Италија, Австрија и Хрватска, охридските играорци и играорки, се покажаа како најдобри. Бојан Трајчески – менаџер ФА „Отекс“ истакна дека се презадоволни од ова признание добиено во толку силна конкуренција и дека сеуште се под импресии од реакцијата на публиката.
„Публиката беше воодушевена. Не знам дали претходно виделе на друго место македонски фолклор и македонска носија ама според тоа кое ние го видовме, тие реагираа многу позитивно на нашиот настап на музиката, буквално на се. Со еден огромен аплауз не поздравија на крајот“ вели Трајчески.
Покрај со кореографијата на песната „Биљана платно белеше“,играорците од Отекс на фестивалот во Водњан се претставиле со скратените верзии на сплетот од Охридски ора, ора од Источна Македонија и егејска Македонија, селекција која Бојан самиот ја направил. Маја Митреска која 10 години е член на ФА „Отекс“, вели дека она што почнало како љубопитност и желба за дружење со време кај неа прераснало во вистинска љубов кон фолклорот.
„Баш неочекувано ни испадна да ја добиеме наградата, бевме сите превозбудени, немавме некои очекувања, за да ја добиеме главната награда значеше премногу за сите нас. Мис е допадна и тоа што беше двојазично, на Иртаилијански и Хрватски и јас што учам Италијански можев да си го позборувам во пракса“ објаснува Митреска.
Тодора Николовска која е играорка во ФА „Отекс“ веќе петта година објаснува дека да се заработи едно вакво престижно пристание не било вооопшто лесно. Трочлено жири го оцценувало целокупниот уметнички впечаток на ансамблите кои учествувале на фестивалот.
„Главната награда која ние ја освоивме беше севкупна награда. Жирито се собра носиите, кореографијата, народните инструменти и музичката интерпретација, како драмски тоа го изведовме на сцена и како го претставивме македонскиот фолклор низ неколку сплетови“ вели Николовска.
Ова е прв пат ансамбл од Македонија да учествува на овој фестивал, а престижната прва награда за најдобар сценски настап, која во себе ги обединува носиите, кореографијата, народните инструменти и музичката интерпретација, на охридските фолклорни амбасадори им ја предаде Ливио Белчи, претседател на италијанската заедница во Водњан, кои се и организатори на овој престижен фестивал.