охридско лето
Холандска вечер на „Охридско лето“
Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со Холандската вечер во рамки на која предвиден е концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет.
На програмата се дела за кларинетски квинтет на Тристан Кеурис, гудачки квартет на Антонин Дворжак и кларинетски квинтет на Волфганг Амадеус Моцарт.
Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
