Северна Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители
Северна Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители.
Северна Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители.
На својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче посочи дека:
-Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени.
Филипче потенцира дека во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава.