15 години Народен Театар Охрид

Со ретроспективна изложба и премиера на театарската претстава -“Оркестар Титаник ” на 3ти јуни НАРОДЕН ТЕАТАР ОХРИД, ќе ја одбележи 15 годишнината од основањето на театарот.
„Четириесет и шестата премиера, “Оркестар Титаник ” по текст на Христо Бојчев, ја режира Андреј Цветаноvски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со Охридската публика и носат нова искуствена вредност во самиот ансамбл на Охридски. Токму затоа, ни претставува чест, што токму неговата постановка ќе го одбележи отворањето на јубилејната 15та година на Народен театар Охрид.“ – велат од установата.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Верица Недеска и Томе Станковски.
Премиерата е закажана за среда, 3ти јуни, со почеток во 20.00, часот.
Истиот ден, со почеток во 19.30 часот во Галеријата при НУЦК „Григор Прличев” Охрид ќе биде отворена и изложбата „Историска патека на театарски претстави” каде посетителите ќе можат да искусат еден ретроспективен времеплов, движејќи се низ деталите од впечатливи костими и сценографии од секоја една претстава што се одиграла во Народен Театар Охрид.
Сезоната 2026 се реализира со делегиран буџет, истата е дизајнирана во духот на јубилејот, а се очекува да биде една од најпродуктивните сезони, со дури 6 продукции од кои 3 наменети за најмладата публика.







