Skip to main content

Популарна радио емисија

18 години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио

Со препознатлив стил и „охридски муабети“, секое утро испорачуваат обрана музика, но и информации од спортот, локални вести, проверени информации и многу забава.
 |  инфодеск  | 
охриде не бери гајле

Изминаа полни 18 години од стартот на радио емисијата „Охриде не бери гајле“ на охридското Супер радио.

Жанко и утринската екипа и понатаму остануваат верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет.

Со препознатлив стил и „охридски муабети“, секое утро испорачуваат обрана музика, но и информации од спортот, локални вести, проверени информации и многу забава.

„За нас е многу важно да го започнеме секој ден со насмевка, убава музика и позитивна енергија. Убаво е што емисијата и целокупната програма ја создаваме заедно со нашите слушатели, и тие ја прифаќаат како своја. Годиниве кои се зад нас имавме многу поддржувачи и помагатели, направивме многу хуманитарни, еколошки и спортски акции и планираме да продолжиме и понатаму.“ – вели Жанко.