Бело лето 2016
По примерот на светските туристички центри на која градот практично ќе работи 24 часа на 01 Јули 2016 година, по четврти пат ќе се одржи Манифестацијата “БЕЛО ЛЕТО 2016”, a во рамки на истата предвидено е и одржување на Бела Ноќ.

Манифестацијата е во организација на Општина Охрид – Сектор за туризам и ЛЕР.
Во рамките на манифестацијата “БЕЛО ЛЕТО 2016” предвидена е следнава програма:
– 19:00, Предворје на Света Софија – Концерт на Владимир Василески Четкар Секстет,
– 21:00, Настап на перкусионистичка група KARANOS waterfall drums group од Воден, Грција, со дефиле од Св. Софија – градски плоштад Климент Охридски – плоштад Крушевска Република – мал плоштад Долна Порта.
– 22:00, Настап на DJ-и на мал плоштад Долна Порта,
– 21:00, Настап на жонглерска група со најнова технологија на жонглерски реквизити LED POI.
По завршување на настаност согласно Програмата за продолжување на работното време донесена на Совет, вечерта на 01.07.2016 година угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време.