Поместувањето на часовникот ќе се укине во 2021 година
Комитетот за транспорт во Европскиот парламент изгласа во 2021 година да се укине поместувањето на часовникот двапати во годината, еднаш наесен и еднаш напролет.
Комитетот за транспорт во Европскиот парламент изгласа во 2021 година да се укине поместувањето на часовникот двапати во годината, еднаш наесен и еднаш напролет.
Членовите на Комитетот предлагаат часовникот последен пат да се помести последната недела во март во 2021 година. Останува на земјите членки на Европската Унија да одлучат дали ќе останат на зимското или летното сметање на времето.
Предлогот сега треба да се испрати до Европскиот парламент и до земјите членки на Унијата.Европската комисија на 12 септември лани предложи укинување на полугодишното поместување на стрелките на часовникот за целата Европска Унија во 2019 година.Во анкета на ЕК, што беше спроведена од јули до август мината година, а во која учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе, мнозинството се изјасни против поместување на стрелките на часовникот.Од 1996 година сите земји во ЕУ го поместуваат часовникот истовремено.