25 години одекнува детската песна во Охрид
Детскиот фестивал Распеано рибарче го слави 25 от роденден. На големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид вчера и денес ќе има вкупно пет приредби, а ќе бидат изведени 23 нови детски песни. На сцената во танцовните кореографии заедно со триесетината изведувачи ќе продефилираат стотина деца.
Четири приредби се наменети за учениците од основните училишта а завршната свечена приредба е вечерва во 19 часот.
„ Големиот, буквално голем 25 години сребрено издание не е мала работа ќе го одбележиме малку поинкау од регуларните претстави ке има и торта и химна ќе има рекорден број на учесници. На ова издание ке бидат зиведени 23 нови нумери, 30 изведувачи а компленто ке има околу 100 учесници на сцената. Публика во секој случај тоа понира во ва наше фестивалче кое датира од далечната 1998 година” , вели Димче Китрозоски еден од организаторите.
Изминативе две и пол децении фестивалот Распеано рибарче создаде 500 детски песни некои од нив до денес се пеат, а на сцената во хорот и танцовите групи магијата на јавниот настап ја почувствувале близу 3000 деца.
„Уште од многу млада јас имав голема желба да работам со дечињата во игрите, во танцувањата и јас сум еден од кореографите на ова Распеано рибарче. За да се работи на кореографии треба да се има голема желба за соработка со дечињата и секако трпеливост. Сепак е големо задоволство да се работи со нив тие се најчиста душа имаат желба за игра. За тимот да кажам дека сме најпрвин многу сложни, уште од почетокот имаме тим да ги спомнам Мило Јованоски, Димче Киторозоски, Јовица каралиески, Бети Здравеска и јас. За поддршката имаме голема поддршка цело време од нашата општина таа е најголемиот покровител, имаме поддршка и од родителите и оваа година имаме јубилеј” , вели Мери Димзоска кореограф.
Фестивалот „Распеано рибарче” го создаде сега покојниот Коле Петкуќески, човекот кој ја сакаше естрадата, иако по професија беше машински инженер, но во срцето беше наклонет кон музиката, танцот, пеењето. „Распеано рибарче” низ годините прерасна во бренд на градот Охрид ,кој редовно добива поддршка од локалната самоуправа, годинава по повод јубилејот поддршка има и од министерството за култура.
Новинар Соња Рилковска