Skip to main content

Блумберг

27 милиони вработени, кои работат од дома, на „лесни дроги“

Блумберг: 27 милиони вработени во САД користат „лесни дроги“, особено кога работат на далечина. Секој шести вработен користи недозволени супстанци.
 |  инфодеск  | 
вработени работа од дома

Бројот на работоспособни Американци на возраст меѓу 25 и 54 години со нарушувања на употребата на супстанции е зголемен за 23 проценти во споредба со периодот пред корона. Бројката сега изнесува 27 милиони, според студијата од мај 2022 година на филијалата на Федералните резерви на САД во Атланта.

Како што пренесува Блумберг, резултатите од споменатото истражување укажуваат дека секој шести вработен користи недозволени супстанци.

Компанијата „Опоравување од зависност од дрога“ Сиера Тусон во истражување од ноември 2021 година објави дека околу 20 отсто од американските работници признале дека користеле лесни дроги додека работат на далечина, како и дека биле под нивно влијание за време на видео состаноци поврзани со работата, според Блумберг.

Од агенцијата додаваат дека програмите за лекување на клиниките за зависности биле преоптоварени поради пандемијата, пред се поради зголемениот број на хибридни работни аранжмани или оние на далечина, кои нудат три работи истовремено – постојани плати, близина до дрога и алкохол, надвор од видното поле на колегите.

Како резултат на тоа, претходно неоткриените навики за дрога „процветаа“ и дури сега излегуваат на виделина бидејќи се повеќе компании бараат работниците да се вратат во канцеларијата.

Директорот на Центарот за терапија во Њу Џерси Индра Цидамби вели и дека често гледа пациенти кои се обидуваат да се излечат за да можат да работат. Додава дека мал број нејзини пациенти се гледаат себеси како зависници. „Постои големо негирање. Поради нивните години во компанијата и нивната добра репутација, нивните зависности поминаа целосно незабележани, се додека нивните работодавци не им кажаа дека мора да се вратат во канцеларијата.„ – вели Цидамби.