Skip to main content

НУ Центар за култура Григор Прличев

35-ти Охридски староградски средби

Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.
 |  инфодеск  | 
Охридски староградски средби

Во петок, на 15-ти септември ќе се одржат 35-тите Охридски староградски средби.

На платото пред Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 19 часот ќе настапат: Градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид, КУД „Пере Тошев“ – Прилеп, Ансамбл за народни песни „Вања Лазарова“ – Скопје, КУД „8 –ми Октомври“ – Крива Паланка, ВИС “Распеани Радовишани” – Радовиш, ЗГ „Распеани Штипјани“ – Штип, КУД „Нуко Пусоски“ – Кичево, КУД „РаспеаниГевгеличани“ –Гевгелија и ФА Бисери – Охрид.

Староградски средби

„Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.“ – велат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ за годинашаното издание на Староградските средби.

Манифестацијата е поддржана од Министерство за култура и Општина Охрид.

Влезот е СЛОБОДЕН!