Skip to main content

36-тите Охридски староградски средби ќе се одржат на 13-ти септември

Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века.
 |  инфодеск  | 

36-тото издание на Охридски староградски средби ќе се одржи во петок, на 13-ти септември 2024 година, на платото пред НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот.

На годинешните староградски средби ќе настапат Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, ЗП Градски Хор од Штип, Вокален Октет – Прилеп, Ансамбл „Вања Лазарова“ од Скопје, ЗП Пеачка група Гевгелија, ВПГ „Ѓердан“ од Штип и КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца.

– Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Ова е придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, порачуваат организаторите.